Томи Андонов со бронзен медал од Европскиот куп во кик бокс

358

Македонецот Томи Андонов го освои третото место во вкрстени борби на европскиот куп во кик бокс кој се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. Андонов запиша победа над кик-боксер од Унгарија, а потоа беше поразен од хрватскиот репрезентативец Ивано Девлан поради одземени поени поради силината на ударите.
Девлан потоа се закити со златниот медал. Андонов на крајот се пласираше на третото место и го обезбеди бронзениот медал од овој куп.

ПретходноСити го “наполни“ Лутон и сега е лидер, стрелаше и Халанд!
СледноЛуд настап на Димитријевиќ – постигна 40 поени во победата против ЦСКА на Рајковиќ