Штутгарт со нова победа, Ундав постави рекорд

319

ЕКипата на Штутгарт славеше победа над Ајнтрахт Франкфурт од 3:0 во 29.коло на Бундес лигата и ја продолжува трката по второто место на табелата во Бундес лигата. „Швабите“ ја прекинаа мини серијата од два порази, а сега се бодовно изедначени со Баерн на второто место (по 63 бода).
Резултатот го отвори Гираси во 11 минута, а шест минути подоцна Дениз Ундав го зголеми резултатот. Во 37 минута погоди Левелинг за 3:0, резултат кој остана до крајот.

Ундав стигна до бројката 16 голови, со што е првиот германски фудбалер во изминатите 28 години кој реализирал толкав број на погодоци во дебитантската сезона во Бундес лигата. Претходно тоа му успеа на Шон Данди во дресот на Карлсруе во сезоната 1995/96. Со наредниот гол, Ундав ќе го надмине Данди.

A Гираси стигна до бројката 25 голови и е на второто место на листата на стрелци во Бундес лигата, зад Хари Кејн.

ПретходноВеќе нема дилеми – МВП признанието ќе оди во рацете на Ненад Димитријевиќ (ВИДЕО)
СледноБорнмут е тврд орев за Манчестер Јунајтед