Јокиќ промаши за победа, Далас без Дончиќ загуби од Детроит

189

Кошаркарите на Денвер Нагетс беа поразени од Сан Антонио Спарс со резултат 121:120 во претпоследното коло од регуларниот дел од сезоната на НБА лигата, со што повторо се најде на второто местоо на табелата во Западната конференција. Никола Јокиќ беше трагичарот на мечот, откако го промаши шутот за победа на десет секунди до крајот. Иако имаше одлична позиција, двократниот МВП на лигашкиот дел не успеа да погоди со што Денвер остана без триумф кај еден од најслабите тимови во лигата.

Јокиќ постигна 22 поени, со 12 асистенции и седум скока, а во тимот на Денвер најдобар беше Џамал ​​Мареј со 35 поени. Виктор Вембањама беше најдобар поединец во победничкиот тим со 34 поени и 12 скока.

Кошаркарите на Атланта се поразени на гостувањето кај Минесота Тимбервулфс во вистинска  драма која заврши со резултат 109:106. Во третата четвртина Минесота имаше +17, но Атланта се врати со голема серија и стигна до 80:80 во последните 12 минути. Таму дури во неколку наврати Хокс имаа и предност, но Минесота на крајот беше подобра и со тоа се израмни по бројот на победи со Денвер и Оклахома.

Кошаркарите на Далас беа најнепријатното изненадување синоќа, откако загубија дома од  најлошиот тим во натпреварувањето Детроит Пистонс со 89:107. Далас на овој меч, сепак, шанса им даде на играчите од клупата кои без Дончиќ и Кајри Ирвинг не успеаја да го победат ни Детроит.

НБА РЕЗУЛТАТИ: 

Филаделфија – Орландо 125:113

Вашингтон – Чикаго 127:129

Бостон – Шарлот 131:98

Кливленд – Индијана 129:120

Њујорк – Бруклин 111:107

Мемфис – ЛА Лејкерс 120:123

Мајами – Торонто 125:103

Минесота – Атланта 109:106

Оклахома – Милвоки 125:107

Сан Антонио – Денвер 121:120

Далас – Детроит 89:107

Голден Стејт – Њу Орлеанс 109:114

Портланд – Хјустон 107:116

ЛА Клиперс – Јута Џез 109:110

Сакраменто – Феникс 107:108

ПретходноТруење е причината поради која Де Бруине не играше против Реал (М)
СледноСпектакуларното забивање на Леброн, кое Џа Морант не можеше да го „свари“ (ВИДЕО)