Димитар Тодоровски: Браво за “Комити“, сепак ова е голема победа за Работнички!

638

Само што влезе во игра Димитар Тодоровски, младинскиот репрезентативец на Македонија му даде гол на Вардар за 1:0 и со тоа наговести кој ќе биде победникот на ова 76.Соседско дерби. Тоа беше Работнички кој го победи Вардар со 2:0.

Самиот Тодоровски за “СпортСпорт“ изјави по дербито:

Голема победа за Работнички, големи три бода. Прекрасно градско дерби во прекрасна атмосфера. Можам само да кажам браво за “Комити“, првпат во мојата кариера се почувствував како фудбалер и како играч на голем натпревар. Како среќа да имаме ваква атмосфера секој викенд, вакво навивање. Секако дека среќен сум за голот, но уште посреќен за победата. Уште еднаш ова беше прекрасно градско дерби“ заврши стрелецот на првиот гол за Работнички.

Претходно76.Соседско дерби: Скопската класика за тимот од Дебар Маало….еве како изгледа сега табелата! (ФОТО)
СледноШок за Клоп, шок на „Енфилд“…(ВИДЕО)