По новиот шокантен пораз во само неколку дена, менаџењрот на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека поразот од Кристал Палас е плод на нереализираните шанси.
„Во првото полувреме статистиката не беше добра како во второто. Мислам дека е сосема очигледно дека првото полувреме го одигравме лошо. Сакавме реакција и ја добивме. На теренот излезе тим кој не беше целосно сигурен. Натпреварот беше навистина тежок, не бевме добри. Кристал Палас имаше премногу шанси, како да трчавме во погрешна насока. Во првото полувреме ништо не функционираше, а потоа противникот поведе. Во вториот дел се обидовме да ја промениме формацијата и динамиката, но не ги реализиравме шансите. Некој друг ден да стиме овде и да гледаме како истите топки влегуваат во голот ќе зборуваме за победа од 4-1, но фудбалот не функционира така. Би рекол дека со шансите што ги имавме навистина немавме среќа. Кристал Палас имаше среќа што не ги казнивме во вториот дел, но затоа тие освоија три бода, а ние ниту еден“, рече тренерот на Ливерпул.