ТФТ го победи Чаир и поведе со 2:1 во четвртфиналната серија! (ФОТО)

57

ТФТ – Чаир 76:65 е епилогот од третиот меѓусебен меч од четвртфиналето во плеј – офот во битката за титулата во домашниот шампионат. Па така со оваа победа, тимот на ТФТ поведе со 2:1 во серијата и му потребна уште една победа за да се најде во следната фаза, во полуфиналето.

Уште во првиот период домашниот состав покажа дека има намера и тоа како да слави победа на овој дуел, и го доби со 26:18, сепак во продолжение, во втората четвртина гостите од Чаир ја намалија разликата, за се чини дека се беше решено во третиот период кој ТФТ го доби со 22:11 и тука го реши прашањето околу победникот.

Треба да се каже дека ТФТ успешно реализираа 11 обиди за шут за три поени и тука треба да се гледа таа разлика во однос на резултатот.

Најфикасен на мечот беше Галовеј со 22 поени од тимот на Чаир, додека кај домашните Верц беше стрелец на 13 поени.

No description available.

No description available.

 

No description available.

No description available.

ПретходноДоколку повторно не ескалира ситуацијата во Израел, Макаби ќе може да полета кон Белград!
СледноЗидан на клупата на Баерн Минхен?!