Алкараз го откажа настапот и на турнирот во Барселона!

81

Што навистина се случува со Карлос Алкараз? Еден од најдобрите тенисери во моментов, по повлекувањето од Монте Карло, денеска официјално го откажа и настапот на силниот турнир во Барселона. Ако се знае дека Шпанецот лани го освои овој турнир, тоа значи дека не само што нема да го брани трофејот туку ќе загуби и доста поени на АТП листата.

Се наведува дека тој сака да се сконцентрира за настап на Мастерсот во Мадрид, но како му тргнало со откажувањата на овие турнири, сега ништо не е сигурно.

ПретходноБојан Трајковски стави крај на играчката кариера! (ФОТО)
СледноДоколку повторно не ескалира ситуацијата во Израел, Макаби ќе може да полета кон Белград!