Вардар со порака до фановите: Сите на Градски! (ФОТО)

487

Попладнево од 15 часот се игра големото дерби на мак – фудбалот меѓу Работнички и Вардар, ова ќе биде нивни 76.соседски дуел. Ова е чиста фудбалска класика, а бодовите им се потребни и на двете екипи. И Работнички и Вардар бијат жестока битка за опстанок во ПМФЛ.

May be an image of soccer

Се очекува и добра посета, “Комитите“ ќе бидат на Запад на Арената “Тодор Проески“ или по скопски Градски, а останатите ќе биде на Јужната трибина. Север ќе биде за официјалните лица како и за гостите.

Пред околу половина час, Вардар преку своите социјални мрежи им порача на фановите – СИТЕ НА ГРАДСКИ.

Да, така е, денеска сите патишта треба да водат кон Градски.

ПретходноДен за вечност, се чекаше 119 години: Баер никогаш повеќе нема да биде NEVERKUSEN! (ФОТО)
СледноБојан Трајковски стави крај на играчката кариера! (ФОТО)