Ден за вечност, се чекаше 119 години: Баер никогаш повеќе нема да биде NEVERKUSEN! (ФОТО)

719

Денеска 14 април 2024 година, за Баер и неговите фанови ќе биде ден за вечност. Денеска некаде после 19.30 часот ќе се слави првата титула – шампион на Германија и тоа по цели 119 години. Клубот кој поради сите пехови од пред две децении беше нарекуван NEVERKUSEN, ако успее да го победи Вердер, а се очекува со сигурност да го стори тоа, тогаш за првпат во својата историја ќе дојде до титулата.Image

И за се ова е најзаслужен Чаби Алонсо, веројатно во моментов најдобриот тренер во светот кој со еден Баер успеа на пет кола до крајот да им покаже како треба на Баерн, Дортмунд и останатите великани во германскиот фудбал.

Математиката е јасна, Баер по одиграни 28 меча има 76 бодови, додека Баерн и Штутгарт имаат -13 бода и меч повеќе. Значи на Леверкузен му треба само победа и тоа е тоа.

Не дека ако не биде денеска нешто ќе се промени во однос на титулата, сепак светот и фановите на Баер сакаат тоа да биде баш вечерва за да може Леверкузен да “ГОРИ“ а Чаби и играчите да им кажат на фановите – ПОВЕЛЕТЕ ТИТУЛА на својата “Бај Арена“.

Секако дека сите кои го сакаат овој клуб од Леверкузен или барем го симпатизираат, ќе знаат засекогаш што правел и каде биле на 14 април 2024 година.

Баер никогаш нема да биде NEVERKUSEN….

Секоја чест.

Затоа што досега овој тим на Чаби во оваа сезона, во сите натпреварувања, нема пораз.

Вистинско чудо.

May be an image of text

May be an image of 1 person, street and text

May be an image of text

ПретходноАнчелоти: Важна победа која не носи поблиску до титулата
СледноВардар со порака до фановите: Сите на Градски! (ФОТО)