Конор Мек Грегор се враќа!

67

Ирскиот ММА борец Конор Мек Грегор летово ќе се врати во октагонот по тригодишно отсуство, беше потврдено утрово.

Еден од најпопуларните борци од новата генерација ќе се соочи со Мајкл Чендлер на UFC 303 во Лас Вегас на 29 јуни.

Веќе некое време се шпекулира дека во следниот период би можело да следи враќање на Конор Мек Грегор. Во меѓувреме тој е зафатен со разни работи, од кои најново е снимањето на неговиот сопствен филм кој неодамна се емитуваше. Со тоа тој влезе во историјата на светската кинематографија како најплатен дебитантски актер досега.

Последната борба Конор Мек Грегор ја имаше на 10 јуни 2021 година.

ПретходноДва гола, 15 одбрани и победа за Митревски во пресметката со Талески
СледноАнчелоти: Важна победа која не носи поблиску до титулата