Се чини како да нема крај на бламажите на Наполи. Денеска под Везув двапати водеше против Фросиноне и не успеа да победи, крајниот резултат беше 2:2 и со тоа аутсајдерот си однесе дома едеб драгоцен бод во битката за опстанок.
Сеуште актуелниот првак поведе со голот на Политано во 16.минутам, гостите потоа не искористија пенал во 30.минута, но Кедира во 50.минута сепак израмни на 1:1.
Осмен по асистенцијата на Кварацкелија во 63.минута повторно му донесе водство на Наполи, сега од 2:1, но пак тој Кедира во 73.минута ги постави конечните 2:2.