Кошаркарите на Пелистер и третпат во низа го победија Еуро Никел во четвртфиналето на домашниот кошаркарски плеј-оф и заедносо Работнички први потврдија место во полуфиналната серија. Попладнево во третиот меч од низата, Битолчани славеа на гостински терен во Кавадарци со 69:79 и експресно си ја завршија работата.
Гостите, практично, беа подобри и ги добија сите четвртини на мечот. Одлично издание имаше триото Планиниќ (19), Магдевски (18) и Маслинко (18), кои со својата игра ја донесоа и сигурноста во триумфот на „зелено-белите“.
Пелистер веќе може да се подготвува за следниот предизвик, а тоа се полуфиналните дуели со Работнички.