ПМФЛ: Струга ТЛ ја дочекува Брегалница и нема намера да испушта бодови, Силекс гостува кај Шкендија

143

Попладнево од 15 часот закажани се трите преостанати средби од 27.коло во ПМФЛ.

Секако дека дербито се игра во Скопје на Арената “Тодор Проески“ меѓу Работнички и Вардар, но ништо помалку интересно нема да биде на дуелите во Струга, каде шампионот ја дочекува Брегалница и под Шара, каде Шкендија се среќава со Силекс.

Со вчерашните три бода Шкупи сега има ист број бодови како и лидерот, по 54, па затоа овој дуел и тоа како е значаен за шампионот, еден од најважните сезонава. Брегалница мора да падне во Струга.

Искусниот дефанзивец на Струга ТЛ, Меџит Незири во пресрет на денешниот дуел со “сините“ истакнува:

Влегуваме во завршната фаза од првенството. Сега секој гол, секој бод е екстра значаен. Се покажа дека титулата не се освојува така лесно, но ние ќе се бориме до последен здив што се вели со повторно да го подигнеме пехарот. Имаме квалитетен тим, но и Брегалница си има свои квалитети. Ќе дадеме се од себе да победиме денеска, немаме намера веќе да испуштаме бодови“ заврши Незири.

Шкендија е на -5 бода во однос на двете водечки екипи и ако сака да ги задржи шансите во битката за титулата ќе мора денеска да го добие Силекс.

ДВОЈКИ ЗА 27.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)

Работнички – Вардар

Струга ТЛ – Брегалница

Шкендија – Силекс

ВЧЕРА

Брера – Воска 1:0

Шкупи – Македонија ЃП 3:1

Гостивар – Тиквеш

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 54, Шкупи 54, Шкендија 49, Силекс 37, Тиквеш 36, Гостивар 36, Брера 33, Вардар 29, Работнички 28, Воска 28, Македонија ЃП 25, Брегалница 25..

ПретходноСезоната за Макаби во Евролига е под знак прашалник
СледноТелохранителот на Меси повторно задоцни на теренот (ВИДЕО)