По цели 120 години од формирањето, германскиот фудбалски клуб Баер Леверкузен денеска испиша историја освојувајќи ја за првпат титулата во германското фудбалско првенство. Навивачите ја почнаа прославата уште пред судијата да означи крај на денешниот меч со Вердер, а прославата продолжи и во соблекувалните.
Еден од главните „виновници“ за овој неверојатен раст на „фармацевтите“ оваа сезона, е секако Чаби Алонсо. Човекот кој го изгради овој шампионски тим доби вистинско „пивско капење“ во соблекувалната од своите соиграчи, кои со многу пиво ќе го прослават овој шампионски пат.
WE LOVE YOU XABI! 🍻#Winnerkusen #DeutscherMeisterSVB @XabiAlonso pic.twitter.com/haCil7N4fH
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) April 14, 2024