СКАНДАЛ ВО НБА ЛИГАТА: Лејкерси играа 56 секунди подолго!

378

Натпреварот од претпоследното коло во лигашкиот дел од НБА сезоната што го одиграа Лос Анџелес Лејкерс и Мемфис (123:120) го одбележа голем скандал кој беше забележан дури по крајот на натпреварот. Најдобрата светска кошаркарска лига мораше да ја признае грешката – мечот траеше 56 секунди подолго отколку што треба.

Проблемот настана доцна во третата четвртина, кога истече еден од нападите на Мемфис. Тогаш часовникот покажуваше 1:14 до крајот на четвртината, но времето мистериозно се врати на 2:20 и никој во салата не обрна внимание на тоа. Кошаркарите на двата тима продолжија да се борат.

Ова е еден од најчудните пропусти кои сме ги виделе во НБА во последните години, а многумина го сметаат целиот крај на сезоната нерегуларен поради овој детал. Работата да биде уште полоша, на 56 секунди до крајот на четвртата четвртина, Мемфис имаше еден поен предност, која Лејкерси успеаја да ја претворат во своја победа. Погледнете ја спорната ситуација:

За Мемфис овој натпревар немаше значаен резултат, бидејќи сите се простија од плеј-офот на почетокот на сезоната, но беше исклучително важен за Леброн Џејмс и неговиот тим. Лејкерси на самиот крај од сезоната се борат за најдобрата можна позиција пред плеј-инот.

Претходно76.Соседско дерби: Биди фраер и дојди на Градски да ги гледаш Работнички и Вардар!
СледноДва гола, 15 одбрани и победа за Митревски во пресметката со Талески