Синоќа Манчестер Јунајтед ремизираше против Борнмаут (2:2), а Ерик тен Хаг повторно беше мета на критики откако ја напушти прес-конференцијата по новинарско прашање.
Еден од новинарите му порача на Тен Хејг дека Јунајтед моментално е седми и е во опасност да заврши под седмата позиција, што би бил најлошиот резултат на овој клуб во историјата на првенството.
Тен Хаг не беше воодушевен од ваквото прашање и реши да стане и да ја напушти прес-конференцијата, што предизвика нов револт кај навивачите на Јунајтед, но и кај останатиот дел од англиската јавност.
„Не одговарам на такви прашања. Во моментов тоа воопшто не е важно“, рече Тен Хаг додека ја напушташе прес-салата.
Erik Ten Hag walks out of his press conference. 👀 👋
🎥 @BeanymanSports pic.twitter.com/Fv92Bj1JUw
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) April 13, 2024