Вињалес победи во Остин и испиша историја во Мото ГП

103

Вињалес вечерва стана првиот возач во историјата на Мото ГП кој триумфирал со три различни мотори на трка од најсилниот мото-шампионат. Возачот на Априлија, претходно победи и со Сузуки и Јамаха.

Возачот на Априлија, Маверик Вињалес, победи на трката во Мото ГП шампионатот за Големата награда на Америка вечерва во Остин. Вињалес, кој вчера славеше и во спринтерската трка, до победата стигна со вкупно време од 41:09.503 минути.

Педро Акоста од Ред Бул беше втор, а трет возачот на Дукати, Енеа Бастианини.

Во генералниот пласман води Мартин со 80 бодови.

ПретходноПлеј-ин ИСТОК: Мајами оди на Филаделфија, Атланта со Чикаго
СледноИнтер ремизираше со Каљари, одложена прославата на Скудетото