Додека играа во ПСЖ: Серхио Рамос им покажал на Меси и Нејмар кој е главен!

2563

Лео Меси, Нејмар и Серхио Рамос не се веќе во ПСЖ. Она што се чинеше дека е незамисливо, Рамос и Меси во еден тим, тоа и се оствари. На прв поглед некогашните играчи на Барса и Реал немаа никакви конфликти во Париз, но деновиве медиумите во Франција истакнуваат дека сепак Серхио Рамос бил главен во тимот и тој тоа го покажал во неколку наврати.

Најеклатантен пример бил кога на еден тренинг се “закачиле“ Меси и Хакими, а Нејмар веднаш застанал на страната на Лео. Од друга страна Рамос се ставил во улога на заштитник на десниот бек, со него играше во Реал, и Меси морал да ја наведне главата.

Едноставно Серхио Рамос и тоа како ги “построил“ Меси и Нејмар, со цел да покаже кој е “газда“ во тимот.

ПретходноГол со ножички на Феликс за четврта победа по ред на Барса над Кадиз
СледноТен Хаг ја напушти прес-конференцијата бидејќи не му се допадна прашањето (ВИДЕО)