Доколку повторно не ескалира ситуацијата во Израел, Макаби ќе може да полета кон Белград!

97

Кошаркарите на Макаби од Тел Авив во моментов се наоѓаат во главниот град на Израел, кој во текот на ноќта беше нападнат од Иран.

Иран испрати стотици беспилотни летала во правец на Израел, што предизвика алармантна ситуација во земјата, а меѓу другото и прекин на воздушниот сообраќај.

Поради оваа причина, се поставува прашањето дали кошаркарите на Макаби ќе го одиграат плеј-ин натпреварот со Басконија, кој е закажан за вторник во Белград. Според последните информации, воздушниот сообраќај над Израел е повторно отворен и наводно експедицијата на Макаби вечерва ќе има лет до главниот град на Србија.

Тоа би требало да значи дека играчите ќе бидат подготвени за дуелот со Басконија, но се уште е под знак прашалник имајќи предвид дека ситуацијата во Израел може да ескалира во секој момент.

ПретходноАлкараз го откажа настапот и на турнирот во Барселона!
СледноТФТ го победи Чаир и поведе со 2:1 во четвртфиналната серија! (ФОТО)