Драма во Удине: Фудбалер на Рома колабираше, судијата го прекина мечот (ВИДЕО)

697

Натпреварот меѓу Удинезе и Рома во Серија А во 32. коло беше прекинат кон крајот на второто полувреме поради тоа што играчот на Рома, Еван Ндика колабираше на теренот и лежеше без свест без очигледна причина.

Итната помош веднаш излезе на теренот и се обиде да го врати во свест, по што тој беше изнесен од теренот на носилки.

Фудбалерите на Рома брзо се собраа заедно да му дадат поддршка на својот соиграч. Не е познато во каква состојба е Ндика, кој мора да оди на итни лекарски прегледи.

Со оглед на тоа што играчите на Рома не сакаа да го продолжат натпреварот, додека нивниот соиграч минуваше низ животна драма, а по согласност на играчите на Удинезе, судијата Паирето реши да ја прекине средбата.

ПретходноПелистер во три меча го реши Еуро Никел и закажа полуфинале со Работнички
СледноЖестока реакција на ЖФК Каменица Саса: Пилешков не ограби! (ВИДЕО)