Вечерва се одигра првата половина од последната рунда во регуларниот дел во НБА лигата, по кој го добивме конечниот изглед на табелата во Источната конференција.
Мајами победи на последниот натпревар против Торонто со резултат 118:113, но тоа не беше доволно за да го избегне плеј-ин турнирот. Исто така, Мајами тргнува од осмата позиција во плеј-ин делот каде ги чека гостински меч со еден од главните фаворити за влез во плеј-офот, Филаделфија. Но и двата тима ќе имаат шанса за поправен ако загубат. Тоа ќе биде дуел со победникот од вториот плеј-ин меч меѓу Чикаго и Атланта.
Инаку, вечерва највозбудливо беше во Њујорк, каде Никс по продолжение го совладаа Чикаго со 120:119 и завршија на второто место.
НБА ПОСЛЕДНО КОЛО (ИСТОК)
Кливленд – Шарлот 110:120
Бостон – Вашингтон 132:122
Индијана – Атланта 157:115
Мајами – Торонто 118:103
Орландо Милвоки 113:88
Филаделфија – Бруклин 107:86
Њујорк – Чикаго 120:119