ПМФЛ: Работнички ги расплака “Комити“, Бесарт ја спаси Струга ТЛ од пораз, Шкендија го “наполни“ Силекс…

2188

Завршија денешните три преостанати средби од 27.коло во ПМФЛ. На 76.соседско дерби на Градски, Работнички со 2:0 го победи Вардар. И тоа со головите на Тодоровски во 75. минута и Мазари во 90+5. минута. Овој пораз секако дека тешко им падна на големиот број фанови на Вардар, “Комитите“.

Генерално заслужена победа на домашниот состав зошто беа подобар противник.

Во првиот дел Вардар беше поактивен, имаше и две закани преку Дурански и Омерагиќ, но немаше гол.

Во второто полувреме Работнички подобар, во 56 и 57.минута две убави шанси за Дејли и Гандо, но спаси Гачевски.

Во 73.минута Лемос шутираше а Алексовски спаси, а во наредниот напад на другата страна, по асистенцијата на Мазари, Тодоровски шутираше убаво за водство на Работнички од 1:0. Тодоровски во игра влезе само три минути претходно.

Во 89.минута Глишиќ беше во шанса, но Алексовски одлично одбрани. И Ѓуриќ се закани, но голманот на Работнички повторно спаси.

Во Струга шампионот одигра само 2:2 против Брегалница. Шампионот се спаси од пораз со голот на Ибраими од пенал во 86.минута. Ова е негов 196 гол во кариерата во ПМФЛ. Имаа водство домашните со 1:0, но Брегалница успеа да дојде до 1:2 со головите на Стојчевски и Селмани.May be an image of 3 people, people playing soccer, people playing football and text

Шкендија убедлива, успеа да го “скрши“ Силекс со 6:1, иако во еден момент резултатот под Шара беше 1:1. Сепак тетовци го искажаа сиот свој квалитет и успеаја да освојат три големи бода во битката за титулата.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 27.КОЛО

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 2:0

(Тодоровски 75.. Мазари 90+5./)

СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА 2:2

(Шабани 42., Ибраими (п) 86. /Стојчевски 67., Селмани 73.)

ШКЕНДИЈА – СИЛЕКС 6:1

(Красничи 18., 69., Цаке 55., Адеми 65, Аганспахиќ 84. Ф. Рамадани 88. /Ефтимов 35.)

ВЧЕРА

ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 2:1

ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 3:1

БРЕРА – ВОСКА 1:0

ПретходноСо првиот удар од Дарко Панчев е промовиран шутбал – новиот спорт во Македонија
Следно76.Соседско дерби: Скопската класика за тимот од Дебар Маало….еве како изгледа сега табелата! (ФОТО)