Попладнево од 15 часот закажани се трите преостанати средби од 27.коло во ПМФЛ.
Секако дека дербито се игра во Скопје на Арената “Тодор Проески“ меѓу Работнички и Вардар, но ништо помалку интересно нема да биде на дуелите во Струга, каде шампионот ја дочекува Брегалница и под Шара, каде Шкендија се среќава со Силекс.
Со вчерашните три бода Шкупи сега има ист број бодови како и лидерот, по 54, па затоа овој дуел и тоа како е значаен за шампионот, еден од најважните сезонава. Брегалница мора да падне во Струга.
Искусниот дефанзивец на Струга ТЛ, Меџит Незири во пресрет на денешниот дуел со “сините“ истакнува:
„Влегуваме во завршната фаза од првенството. Сега секој гол, секој бод е екстра значаен. Се покажа дека титулата не се освојува така лесно, но ние ќе се бориме до последен здив што се вели со повторно да го подигнеме пехарот. Имаме квалитетен тим, но и Брегалница си има свои квалитети. Ќе дадеме се од себе да победиме денеска, немаме намера веќе да испуштаме бодови“ заврши Незири.
Шкендија е на -5 бода во однос на двете водечки екипи и ако сака да ги задржи шансите во битката за титулата ќе мора денеска да го добие Силекс.
ДВОЈКИ ЗА 27.КОЛО – ДЕНЕСКА (15 Ч)
Работнички – Вардар
Струга ТЛ – Брегалница
Шкендија – Силекс
ВЧЕРА
Брера – Воска 1:0
Шкупи – Македонија ЃП 3:1
Гостивар – Тиквеш
ТАБЕЛА
Струга ТЛ 54, Шкупи 54, Шкендија 49, Силекс 37, Тиквеш 36, Гостивар 36, Брера 33, Вардар 29, Работнички 28, Воска 28, Македонија ЃП 25, Брегалница 25..