Продолжението на сезоната на кошаркарите на Макаби од Тел Авив беше доведено во прашање по вечерашните случувања во областа на Израел.
Иран лансираше беспилотни летала кон Израел, означувајќи го продолжувањето на конфликтот на негова територија. Воздушниот простор над Израел е затворен за сообраќај и тоа го доведува во прашање продолжението на кошаркарската сезона на Макаби.
Моментално се во Тел Авив, од каде во недела требаше да заминат за Белград. Бидејќи ситуацијата во земјава во моментов е алармантна, прашање е дали ќе се создадат услови Макаби да одигра меч со Басконија во баражот за Евролигата.
Таа средба беше планирана за вторник во 19 часот.