Жестока казна за навивачот кој камшикуваше фудбалер

1168

Фудбалерите на Ал Хилал го совладаа Ал Итихад со 4:1 и го освоија шестиот трофеј во Суперкупот на Саудиска Арабија. Сепак, впечатокот го расипа страшната ситуација на крајот од натпреварот.
Стрелецот на голот за Ал Итихад, Абдерезак Хамдал се приближи до трибините и во таа прилика влезе во конфликт со гледач кој беше облечен како Шеик.

По вербален конфликт, фудбалерот го поли со вода навивачот, а потоа следел брутален одговор.
Шеикот извади каиш и почна да го удира Хамдала, кој добил два удари. Фудбалерот сакаше да ја прескокне оградата и да се справи со напаѓачот. За среќа, кулминацијата на ситуацијата била прекината.

Федерацијата најави дека против него ќе биде поднесена кривична пријава, а воедно се очекува судот да му наложи да исплати и финансиска отштета за фудбалерот. Притоа и доживотна забрана за посета на спортските објекти во државата.
Можно е освен што ќе плати отштета да добие и затворска казна од една година.

ПретходноПокрената истрага откако Африканците му пуштиле на домашниот атлетичар да победи
СледноНаби Кеита направил скандал – си заминал дома кога дознал дека не е во стартниот тим