Денвер од второто место ја почнува одбраната на титулата, Оклахома е најдобар тим на Западот

178

Кошаркарите на Оклахома Сити го освоија првото место во Западната конференција во НБА лигата, а Денвер Нагетс стартуваат од втората позиција во одбраната на шампионатот. Од трите екипи кои влегоа изедначени во последниот ден од сезоната, само Минесота загубија, завршувајќи на третото место.

Тие беа поразени од Феникс Санс, кои со тоа станаа последната екипа која обезбеди директен влез во плејофот од шестото место. Во тоа им помогна победата на ЛА Лејкерс во Њу Орлеанс, а овие два тима повторно ќе се сретнат во плеј-ин во битката за седмото место.

Тандер го потврди првото место со убедливата победа против резервниот тим на Далас, кој веќе беше безбедно петти. Денвер славеше против немотивираниот Мемфис, но Минесота не издржа и загуби на домашен терен од Феникс, а за „казна“ ќе игра против Санс во првото коло од плеј-офот.

Последната преостаната непозната беше кој ќе биде домаќин на натпреварот 9 и 10, а Сакраменто Кингс обезбедија водство пред Голден Стејт со победата над Портланд.

Резултатите:
Мемфис – Денвер 111:126
Оклахома Сити – Далас 135:86
Сан Антонио – Детроит 123:95
Сакраменто – Портланд 121:82
Минесота – Феникс 106:125
ЛА Клиперс – Хјустон 105:116
Голден Стејт – Јута 123:116
Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 108:124

Двојки за плеј-оф:
Оклахома Сити (1) – Плеј-ин 8
Денвер (2) – Плеј-ин 7
Минесота (3) – Феникс (6)
ЛА Клиперс (4) – Далас (5)

Двојки плеј-ин
Њу Орлеанс (7) – ЛА Лејкерс (8)
Сакраменто (9) – Голден Стејт (10)
загуби 7/8 – победи 9/10

ПретходноДодека даваше изјава го прекина, Јокиќ со сочна пцовка кон свој соиграч (ВИДЕО)
СледноМурињо би можел да се врати во Премиер-лигата!