Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ги собира плодовите од неверојатната партија против ЦСКА Москва. Тој се најде во петорката на неделата во ВТБ лигата.
Уникс Казан славеше на оваа средба, а нашиот најдобар кошаркар беше лидер со 40 поени, 9 асистенции и 6 скока. Ова беше и рекорден број на поени за Нено, но и историски момент за Уникс.
Тимот од Казан за првпат во својата историја заврши на првото место во регуларниот дел од сезоната. Останува ВТБ лига да го потврди она што сите го очекуваат, да биде прогласен за МВП за регуларниот дел од сезоната.