Како што и се очекуваше, Баер Леверкузен вчера го победи Вердер со 5:0 и дефинитивно стана шампион во Бундеслигата. Секако дека тоа е фантастичен успех за “фармецевтите“ а синоќа не се спиеше во Леверкузен, цел град ја славеше првата титула во историјата на клубот.
Секако дека најзаслужен за ова е тренерот Чаби Алонсо кој со Баер направи чудо во сезоната 2023/24, инаку тој и неговите момци можат да дојдат и до трофеите во ЛЕ и во Купот на Германија.
Шпанецот откако ја освои титулата истакна:
“Овој успех е посебен за сите нас во клубот. Чест е да се биде дел од Баер Леверкузен. Ајде малку да уживаме во титулата, прва во 119 годин, да славиме со фановите, со нашите пријатели, семејствата. Тоа го заслуживме“ рече покрај другото стратегот на новиот шампион на Германија.