Шоу на Србинот: Промаши две слободни фрлања за да фановите добијат бесплатно пилешко (ВИДЕО)

340

Кошаркарот на Хјустон Рокетс, Бобан Марјановиќ е некој кој целосно се вклопил во американската комбинација на спорт и шоу бизнис.

Поради својата личност, Бобан многу брзо стана атракција во НБА лигата иако не игра премногу. Згора на тоа, тој се појави на само 14 натпревари оваа сезона, со само пет минути во просек за кои забележаа 3,2 поени.

Сепак, синоќа против Лос Анџелес Клиперс одигра нешто повеќе од вообичаено, откако Рокетс сезоната ја завршија на 11-то место и немаа шанси за подобар пласман. Најголем впечаток од овој натпревар е токму деталот во кој учествуваше Бобан Марјановиќ. Клиперс им вети на сите навивачи дека ќе добијат бесплатно пилешко ако некој од противничкиот тим промаши две слободни фрлања.

По првото промашување, Бобан им гестикулираше на навивачите кои го повикуваа дека намерно ќе го направи истото и со второто, што се случи на општо воодушевување во салата.

Неговиот тим сигурно го доби натпреварот, па тој не направи ништо за да им наштети на Рокетс.

 

ПретходноНдичка е надвор од животна опасност, тој не доживеал срцев удар!
СледноСол Кембел гостин и во Општина Илинден (ФОТО)