Ѓоковиќ не освојува турнири, но доминира на врвот на АТП листата!

455

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја започна 421-та недела на врвот на АТП листата, иако минатата недела не одигра некој особено одличен турнир. Вистина е дека Ѓоковиќ стигна до полуфиналето на Монте Карло каде традиционално не игра добро, но не „разгалуваше“ во текот на сите претходни години и од него секогаш се очекуваат трофеи, а оваа сезона се уште ги нема.

И покрај поразот од Каспер Руд, Норвежанецот кој подоцна беше поразен од Стефанос Циципас во финалето, Ѓоковиќ заработи 310 поени и ја зацврсти својата позиција на врвот на АТП листата. Сега Ѓоковиќ ја мина границата од десет илјади поени и има вкупно 10.035, што значи дека ја зголеми предноста пред најблискиот следбеник Јаник Синер. Италијанецот не се прослави ниту во Монте Карло каде заработи само 40 нови поени и има 8.750.

На третото место е Карлос Алкараз кој има 8.645, но веќе оваа недела ќе загуби уште 500 бода бидејќи се откажа од Барселона, додека Данил Медведев (7.085) е веќе на многу посигурна дистанца. Во првите десет се и Зверев (5.425), Руд (4.025), повратникот Циципас (3.995), Рубљeв (3.935), Хуркач (3.375) и Димитров (3.640).

Ѓоковиќ обезбеди уште најмалку еден месец на водечката позиција на АТП листата, односно до својот 37. роденден, а најголем предизвик да ја задржи таа позиција ќе биде на Ролан Гарос каде ја брани титулата и 2.000 бодови. Со оглед на тоа што Синер брани само 225 поени во целата земјена сезона, голема е веројатноста во случај на пласман во полуфиналето на турнирот да го „симнат“ од тронот, дури и Србинот повторно да ја освои шампионската титула.

Засега не се знае кој е следниот турнир на кој ќе учествува Ѓоковиќ, бидејќи се уште не го „најавил“ Мадрид, додека потенцијално е учесник во Рим, мастерсот кој се игра и пред Ролан Гарос.

ПретходноРФМ ги пушти во продажба билетите за баражот со Ф. Острови! (ФОТО)
СледноКавадарци се мобилизира: Билетите за реваншот во Купот пуштени во продажба, се очекува најмалку 5.000-6.000 гледачи! (ФОТО)