Ндичка е надвор од животна опасност, тој не доживеал срцев удар!

317

Натпреварот меѓу Удинезе и Рома во итлијанското првенство беше прекинат пред самиот крај откако Еван Ндичка колабираше на теренот во 72. минута. По укажанта медицинска помош тој беше пренесен во болница.

По пристигнувањето во болницата, веднаш беше константирано дека е надвор од животна опасност и бил подложен на дополнителни тестови. Еван превентивно ќе остане под опсервација во болница. Сите претходни тестови отфрлиле срцев удар, но сè уште има дополнителни испитувања кои подобро ќе објаснат, веројатно денеска и официјално ќе бидат познати сите детали.

Првично е дека фудбалерот на Брегот на Слоновата коска во текот на натпреварот добил удар во пределот на градите кој му направил потешкотии со дишење.

Натпреварот од Серија А беше прекинат и заврши 1:1, но поважниот натпревар се одигра надвор од теренот

ПретходноМурињо би можел да се врати во Премиер-лигата!
СледноШоу на Србинот: Промаши две слободни фрлања за да фановите добијат бесплатно пилешко (ВИДЕО)