Покрената истрага откако Африканците му пуштиле на домашниот атлетичар да победи

1181

Кинескиот тркач Хи Џие победи во неделниот полумаратон во Пекинг, меѓутоа неговата победа е сомнителна поради што е покрената и истрага. Џие славел со време од 1.03:44, но финишот на трката е контроверзен. Тројца африкански атлетичари го пуштиле Кинезот да победи. Кенијците Роберт Кетер и Вили Мнангат, Етиопјанецот Хаили Бикли воделе до самиот крај и се очекуваше еден од нив да биде победникот.
Но тогаш тројцата забавиле и му овозможиле на Џие да ги прекрка и да победи. Дури и го охрабрувале да ги престигне. Тоа е забележано на камерите.

ПретходноСите голови за Читадела и Ферол оваа сезона ги постигнале домашни фудбалери
СледноЖестока казна за навивачот кој камшикуваше фудбалер