По речиси три години вчера Вардар за првпат како прволигаш играше на Градски или на Арената “Тодор Проески“ во Скопје. Тоа беше шанса и за фановите на нашиот најтрофеен клуб, иако домаќин беше Работнички, “Комитите“ да дојдат на нивниот запад и да го бодрат својот омилен тим.
И така го личи Градски, со “Комитите“ на запад. Убава атмосфера, победа на Работнички, Вардар спортски честиташе, а оваа фотографија нека биде повик да Вардар сега и како домаќин игра на Градски.