Претседателот на Франција, Емануел Макрон се надева дека Реал Мадрид нема да го спречи Килијан Мбапе од евентуалното учество во францускиот олимписки тим на Игрите во Париз. Се уште нема официјална потврда дека актуелниот играч на ПСЖ по завршувањето на сезоната ќе се пресели на Сантијаго Бернабеу, но повеќе информации тврдат дека се е договорено.
Тогаш Мбапе веќе треба да биде играч на Реал, а во принцип клубот има право да го суспендира за Олимпијадата. Французите сакаат да ја имаат својата најголема ѕвезда.
„Ќе дадеме се од себе за да имаме силен тим на Игрите. Верувам и во француските и во останатите европски клубови“, рече Макрон.
Потоа беше прашан од дописникот на Ас дали мислеше на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
„Да, токму на тоа мислев“, одговори шефот на државата на Франција.