Милер ќе ја заврши кариерата идната година

155

Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Томас Милер ќе ја заврши кариерата летото 2025 година, пишува „Кикер“. Според изворот, 34-годишниот германски репрезентативец по завршување на кариерата ќе започне нова работа во клубот од Минхен.
Милер игра за Баерн од 2000 година, а досега одигра преку 700 натпревари со ефект од 240 голови и 265 асистенции.
Сезонава искусниот фудбалер одигра 35 натпревари со ефект од пет голови и девет асистенции.

ПретходноБарселона одби 60 милиони евра за Рафиња
СледноВечерва во ЛШ: Барселона и Атлетико бранат предност