Некогаш големата ѕвезда на НБА лигата, Блејк Грифин, реши да се пензионира на 36 години. Грифин играше како крилен центар и е во НБА од 2009 година. Тој беше избран за прв пик на драфтот, а ги носеше дресовите на Лос Анџелес Клиперс, Детроит, Бруклин и Бостон.
Некогаш беше избран и за најдобар дебитант, а на Ол-стар натпреварите се појави шестпати. Тој еднаш беше победник и на натпреварот во забивање.
Во текот на кариерата одигра 765 натпревари (регуларна сезона), а имаше просек од 19 поени, осум скока и четири асистенции. Никогаш не освои титула во НБА лигата.
„Благодарен сум за секој момент: победи, награди, забивања и незаборавни времиња поминати со семејството, пријателите, навивачите, соиграчите и тренерите. Сите овие искуства ги направија моите 14 години во лигата навистина незаборавни и не можам да не бидам благодарен. Кошарката ми даде толку многу во овој живот и не би менувал ништо“, изјави меѓу другото, Грифин.