Римскиот клуб излезе со соопштение со кое ги израдува сите!

98

Викендов беше прекинат натпреварот од 32. коло во италијанската Серија А меѓу Удинезе и Рома, кој заврши со резултат 1:1.

Прекинот дојде во 72-та минута од натпреварот, откако стоперот на Рома, Еван Ндичка, колабираше на теренот откако почувствува болка во градите.

Веднаш му беше укажана помош на теренот, а потоа на носилки беше однесен во соблекувалната. Фудбалерите на Рома беа загрижени како и сите на стадионот во Удине, а самиот Де Роси отиде во соблекувалната да провери што се случува со неговиот играч.

Споменатиот фудбалер беше префрлен во болница каде се направени подетални тестови, а доцна синоќа пристигнаа добри вести.

Рома соопшти дека здравствената состојба на Нидка е добра и дека до следните прегледи ќе го продолжи опоравувањето дома.

„Првото и второто ниво на кардиолошки прегледи не открија кардиолошка патологија. Нови прегледи ќе се вршат во Рим“, се вели во соопштението на Рома.

Ндика сега го очекува фаза на одмор, а на лето ќе видиме како понатаму ќе се развива неговата кариера. Во Рома сега најмногу се фокусирани на неговото здравје, па никој не размислува за враќање на терените.

Еван Ндика е 24-годишен репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска кој минатото лето дојде во Рома од германски Ајнтрахт Франкфурт, а оваа сезона забележа 27 настапи и две асистенции.

ПретходноАмериканците со дрим тим од соништата на Олимписките Игри во Париз
СледноСудии за Куп: Грујоски “главен“ во Кавадарци, Трпчевски во Ѓорче!