Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина одлучи да не ја продолжи соработката со досегашниот селектор Саво Милошевиќ, а прв кандидат за негов наследник е Сергеј Барбарез, пишуваат босанските медиуми.
Милошевиќ не успеа да ја однесе БиХ на ЕП што беше главна цел, па ФС на БиХ одлучи да ја прекине соработката со него.
Барбарез нема тренерско искуство, а е најсериозен кандидат за наследник на Милошевиќ на кого му е понуден четиригодишен договор.