Познати се судиите за утрешните реванш средби од полуфиналето во Купот на Македонија кои започнуваат од 15 часот.
Во Кавадарци играат Тиквеш и Шкупи, првиот меч заврши 0:0, а главен судија ќе биде Александар Грујоски од Кичево.
Во Ѓорче се среќаваат Македонија ЃП – Воска, првиот меч заврши 2:0 за охриѓани, а на оваа средба главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци.
ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА РЕВАНШИТЕ – 1/2 ФИНАЛЕ (СРЕДА -15 Ч)
Тиквеш – Шкупи: Александар Грујоски (Кичево)
Македонија ЃП – Воска: Стојанче Трпчевски (Кавадарци)