Фер-плејот на прво место, Вардар му посака брзо закрепнување на Влатко Стојановски

613

Здравствената состојба на фудбалерите секогаш треба да биде на прво место, без разлика од чија табор истите доаѓаат. Оваа теза ја практикуваат во таборот на ФК Вардар.

За време на дерби дуелот меѓу Работнички и Вардар се повреди Влатко Стојановски, а „црвено-црните“ на својата официјална страница во стилот на големите професионалци му посакаа брзо закрепнување и враќање на терените, потенцирајќи дека фер-плејот секогаш треба да биде на прво место.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FK Vardar (@fkvardar)


Инаку Стојановски го чека долга пауза, се очекува да биде надвор од терените подолго време. За него сезоната е завршена бидејќи станува збор за напукната тетива.

ПретходноИ Макрон дигна раце, сега се моли Реал да го ослободи Мбапе за Олимпијадата
СледноКарло Анчелоти во Манчестер ќе поведе играч кој нема право да игра во ЛШ