Вердер го казни Кеита поради одбивањето да отпатува со екипата во Леверкузен

357

Фудбалерот од средниот ред на Вердер, Наби Кеита одбил да отпатува со екипата во Леверкузен на меч од Бундес лигата затоа што тренерот му соопштил дека не го планира за стартниот тим. Кеита се налутил и не се качил во автобусот, туку си заминал дома.
Вердер изрече казна за фудбалерот за непочитување на одлуката на тренерот. 28-годишниот играч не само што нема да игра на сите натпревари до крајот на сезоната туку нема да тренира со екипата и нема право да влегува во соблекувалната.
„Однесувањето на Наби не може да помине неказнето. Со оваа акција тој го доведе тимот во тензична спортска и кадровска ситуација и се стави над тимот. Не можеме да го дозволиме тоа. Во оваа фаза од сезоната ни треба обединување. Немаше алтернатива за нашите мерки“, објасни директорот на Вердер, Клеменс Фриц.

ПретходноКејн: Му честитам на Баер за титулата, Баерн не беше на високо ниво оваа сезона
СледноЃорческа го мина првото коло во игра на двојки на турнирот во Копер