Евролига: Макаби ја растури Басконија и оди во плеј-офот против ПАО

130

Кошаркарите на Макаби ТА ќе играат во плејофот од Евролигата против Панатинаикос, откако денеска во првиот меч од плеј-ин делот, израелскиот тим ја демолираше Басконија во белградска Арена со 113:85.

Нерешлива енигма за Шпанците беше Лоренцо Браун, поранешниот играч на Црвена звезда од Белград, кој постигна 26 поени по првите три четвртини, а мечот го заврши со 29. Вејд Болдвин со 26 поени и 5 асистенции беше втор стрелец кај Макаби.

За Басконија се уште ништо не е готово, тие загубија, но имаат уште една шанса да се најдат во плеј-офот. Ќе го чекаат победникот од мечот меѓу Ефес и Виртус во плеј-ин финалето кое ќе го даде и последниот патник во плеј-офот.

ПретходноЖестоки пресметки во Барселона: Навивачите на ПСЖ се судрија со полицијата (ВИДЕО)
СледноФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин