ИХФ одлучи: СП 2029 во Франција и Германија, СП 2031 во Скандинавија

101

На денешниот вонреден конгрес на Светската ракометна федерација ИХФ одржан во француски Кретеј беа одредени и домаќините на следните две светски првества во машка конкуренција.

Франција заедно со Германија ја доби организацијата на изданието во 2029 година, додека по повлекувањето на кандидатурата на Саудиска Арабија светското првенство во 2031 година ќе биде во Скандијавија со три земји организатори: Данска, Исланд и Норвешка.

Се шпекулира дека воведниот натпревар на СП 2029 година би можел да се одржи во арената Нантер со 40.000 места.

ПретходноФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин
СледноЛШ Полувреме: Нерешено во Барселона, Борусија ги казни промашувањата на Мората (ВИДЕО)