Клоп останува без Бредли следните три недели

69

Во трката за титулата во Премиерлигата, екипата на Ливерпул во следнте три недели ќе биде без дефанзивецот Конор Бредли. Младиот бек на „црвените“ ќе отсуствува од терените поради повредата на зглобот што ја заработи на мечот против Кристал Палас.

Клоп ќе биде без десниот бек за реваншот од четвртфиналето на Ливерпул во Лигата на Европа против Аталанта и најмалку три натпревари во Премиер лигата, вклучувајќи го и градското дерби со Евертон.

Се уште е неизвесно дали Бредли би можел да биде подготвен за гостувањето на Тотенхем на „Енфилд“ на 5 мај.

ПретходноЛШ Полувреме: Нерешено во Барселона, Борусија ги казни промашувањата на Мората (ВИДЕО)
СледноСтрумица тргна со победа во финалето на плеј-офот