Ѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ ја доби наградата за најдобар стрелец во НБА во сезоната 2023/24, објавено е на официјалната веб-страница на натпреварувањето.
Словенецот игра феноменална сезона и токму затоа е во потесниот круг за МВП признанието.
Дончиќ имаше просек од 33,9 поени по натпревар, најмногу во НБА. Тој шутираше 48,7 отсто од поле, 38,2 отсто од три и 78,6 отсто од линијата за слободни фрлања.
Дончиќ со 25 години е најмладиот добитник на оваа награда по Кевин Дурент во сезоната 2011/12.
THE YOUNGEST SCORING CHAMP IN 12 YEARS.
33.9 points per game for @luka7doncic! pic.twitter.com/p7rzPWZPDO
— NBA (@NBA) April 15, 2024
Далас Маверикс заврши на петтото место на Западот и во првото коло од плеј-офот ќе игра против Лос Анџелес Клиперс.