Грчката актерка Мери Мина го запали факелот со што започна патот на штафетата со олимпискиот оган од Грција во Франција, а ќе кулминира со палењето на олимпискиот оган во главниот град на Франција на свеченото отворање.
Париз ќе биде домаќин на Летните олимписки игри по третпат по 1900 и 1924 година.
„Во овие тешки времиња во кои живееме, со војни и конфликти во пораст, на луѓето им е преку глава од омраза, агресија и негативни вести со кои се соочуваат секојдневно. Сакаме нешто што не зближува, нешто што не обединува, нешто што ни дава надеж. Олимпискиот оган што го палиме денес е симбол на таа надеж“, изјави претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах во својот говор.
🔥 The Olympic flame for #Paris2024 is lit!#Paris2024 | @Paris2024 pic.twitter.com/1odw4ga9G0
— The Olympic Games (@Olympics) April 16, 2024