Познати групите за ракометните турнир на ЛОИ во Париз 2024

442

Познати се групите за олимпискиот ракометен турнир во машка и женска конкуренција. Домаќинот Франција имаше можност да одбере во која група ќе се натпреварува, а изненадувачки во машка конкуренција ја одбраа групата во која се и селекциите на Данска и Норвешка.

Во групата „А“ ќе играат: Шпанија, Хрватска, Германија, Словенија, Шведска и Јапонија, додека во групата „Б“ освен домаќинот Франција, се најдоа уште и Данска, Норвешка, Унгарија, Египет и Аргентина.

На женскиот турнир, во групата „А“ се Норвешка, Германија, Словенија, Шведска, Данска и Јужна Кореја, додека во групата „Б“ се најдоа Унгарија, Холандија, Шпанија, Франција, Бразил и Ангола.

ПретходноСтрумица тргна со победа во финалето на плеј-офот
СледноЛШ: Шпанска „чистка“ – ПСЖ и Борусија (Д) во полуфинале (ВИДЕО)