Еден чекор до нова титула: Работнички и вторпат ја победи Струмица

157

Бранителот на титулата во домашниот одбојкарски шампионат во женска конкуренција, екипата на Работнички, ја оствари и втората победа во финалето на плеј-офот против големиот ривал Струмица. Вечерва на домашен терен во малата сама на СЦ „Борис Трајковски“, одбојкарките на Работнички и вторпат за само неколку дена славеа против неприкосновениот лидер во регуларниот дел од сезоната со 3:0 и дојдоа на чекор до новата шампионска титула.

РАБОТНИЧКИ – СТРУМИЦА     3:0 (28:26, 25:20, 25:21)  /  2-0

Струмичанки како и на првиот меч одиграа цврсто, но во решавачките моменти немаа нерви за да дојдат до полн успех. Вистинска драма имаше во првиот сет кој Работнички го доби на разлика, но и во следните два видовме неизвесна одбојка до самиот крај.

Третиот меч, кој може да биде и последен во финалната низа е на програмата во сабота во Струмица.

ПретходноНа Чаир „врие“: „Шверцерите“ бараат смена на Жижовиќ
СледноСо тројки од паркинг, МЗТ Скопје се врати од провалија и чекираше полуфинале (ВИДЕО)