Еуфорија во Париз, еуфорија пред се во ПСЖ по триумфот над Барса и пласманот во полуфиналето во ЛШ каде за ривал “светциите“ ќе ја имаат Борусија Дортмунд.
Првиот човек на клубот Насер Ал – Келаифи не го криеше своето воодушевување од тоа што го виде на “Монжуик“.
“Сите се бореа еден за друг. Сите беа воини. Сите сакаа да се пласираат во полуфиналето и ете успеаја во тоа. Имаме навистина фантастичен тренер, најдобар во светот. Ова е величенствен момент за клубот. Не е лесно да се победи Барса на нејзин терен. Сакам да кажам дека видов нешто што досега го немав видено во последните 13 години во ПСЖ, а тоа е дека сите играчи беа заедно, дека атмосферата е фантастична“ рече покрај другото претседателот на ПСЖ кој по мечот доби честитки од првиот човек на Барса, Хоан Лапорта иако во ложата не седеа еден до друг.