Андерсон го откачи Лацио и потпиша за Палмеирас

140

Фелипе Андерсон го напушта Лацио и се враќа во татковината каде што ќе игра за Палмеирас. Бразилскиот фудбалер одамна најави заминување, одби понуда од Јувентус, а одлучи да игра за славниот бразилски клуб.
Инаку Андерсон играше за Сантос на почетокот на кариерата, па премин во Лацио каде што се задржа пет сезони, потоа три и пол сезони играше за Вест Хем и половина како позајмен во Порто.
Во 2021 година се врати во Лацио, а сега заминува.
Во меѓувреме Лацио го осигура потписот на Закањи. Тој го продолжи договорот на уште пет години.

ПретходноАмериканците го потврдија „Дрим Тимот“ за Париз
СледноКожув и Вардар со важни победи во битката за опстанок